Celebrity

“A Cinderella Story” содржи една голема бизарност: Хилари Даф се обиде да ја објасни оваа ситуација и успеа сите да ги насмее!

Сцените што ги гледаме во филмовите некогаш толку многу немаат смисла, што се прашуваме како поминало нешто такво во сценариото. Иако, никој не очекува да гледа реални ситуации во филмовите, понекогаш тие сепак се толку бизарно нереални, што испаѓаат смешни.

Една од најглупавите сцени што се случува во многу филмови и серии е дека еден од главните ликови живее нормален живот, но потоа само става маска на очите – и тој/таа е тотално непозната личност за сите и одеднаш води двоен живот. Оние што сакаат да гледаат слатки романтични комедии, сигурно го гледале филмот „A Cinderella Story“, модерна приказна за Пепелашка. Кога има забава по костуми во филмот, Сем (Хилари Даф) се маскира само ставајќи маска над очите и тоа е доволно за Остин (Чад Мајкл Мареј) да не ја препознае! Како? Тие разговараа и танцуваа, беа многу блиски еден со друг, а сепак, по забавата, тој се обидува на секој можен начин да открие која е оваа мистериозна девојка.

Ова не и е јасно ниту на самата главна актерка. Таа во едно од интервјуата призна дека е смешно, а причината што ја наведе, зошто Остин можеби не ја препознал, е најдобриот одговор досега. „Можеби добил премногу удари во глава на фудбалските тренинзи?“ тоа е нејзиното објаснување. Секако, ако тој ја препознаеше веднаш, филмот немаше да има никаков заплет и ќе беше завршен. Сепак, многу години подоцна, Хилари Даф се согласи дека станува збор за прилично бизарна дупка во сценариото. Настрана оваа сцена, таа откри дека друга работа во врска со филмот и нејзината улога во никој случај не и била јасна, а тоа е зошто Пепелашка во овој филм носи бел фустан, кој повеќе личи на венчаница, отколку на свечен фустан?

Напиши коментар