Free zone

Ацетонот не служи само за бришење на лакот од ноктите – Може да биде корисен и за многу други работи

Чистење на тастатурата – Ставете малку ацетон на туфер или парче памук и внимателно избришете ја тастатурата од компјутерот. Прво пробајте на мала површина, за да нема непријатни изненадувања.

Отстранување на дамки од чај или кафе – Дамките од чај или кафе понекогаш можат да бидат многу упорни. Затоа истурете ацетон на парче памук и тријте додека не исчезне дамката. Потоа добро исплакнете со детергент и вода. Бидете внимателни со порцеланските чаши на кои има нешто нацртано, би можеле да избледат со текот на времето доколку ја повторите оваа постапка.

Полирање кожни чевли – Звучи како голема лудост, но навистина функционира. Ако забележите мали гребнатинки на вашите кожени чевли, можете да ги отстраните со крпа натопена во ацетон и само лесно да ги избришете.

Употребата на ацетон е одлична за чистење на жилетите – Ацетонот, исто така, има ефект на дезинфекција. Затоа, откако ќе го користите бричот, натопете го сечилото во ацетон, оставете го да отстои неколку минути, а потоа исплакнете го со вода.

Чистење на приборот за шминка – “Искапете” го приборот за шминкање во ацетон и исплакнете го темелно. Ова го намалува ризикот од воспаление и мозолчиња, што може да се случи кога користите валкани четки.

Напиши коментар