Celebrity

Адел во нова задача: На сите им покажа дека покрај извондредниот глас, поседува и талент за глума!

Во саботата, Адел воодушеви со својот глас и стас како водителка на култното американско шоу што се емитува во живо, Saturday Night Live, и во низа сцени покажа како се снаоѓа во новата задача како актерка. Иако, многумина беа разочарани што Адел не настапи како музички гостин, таа се изјасни дека новиот албум не е готов и потсети дека својот пробив на американскиот пазар го започнала со појавувањето токму во таа емисија, пред цели 12 години!

Веќе во воведниот говор, таа и се обрати на својата нова фигура, шегувајќи се дека поради ограничувањето во патувањата, оставила половина од себе дома. Уживајќи во разни комични улоги, Адел ги покажа своите таленти за глума и комедија, а на публиката и се допадна онаа во која Адел се појавува во пародијата на реалното шоу „The Bachelor“ како патетичен и наметлив кандидат. Пеејќи делови од некои од нејзините најголеми хитови наместо дијалог во квази-реалното шоу, таа докажа дека е еден од најсилните вокали на денешницата.

Со оглед на новиот изглед на Адел, новите интереси и животната енергија, не знаеме дали можеме да очекуваме нов звук од новиот албум што е во подготовка, сосема различен од нејзините вообичаени ноти, но секако едвај чекаме да го слушаме.

Напиши коментар