Celebrity

“After We Fell” – Сè што знаеме за третиот дел од филмот којшто се снимаше во Бугарија

Снимањето на третиот дел од филмот „Аfter“, беше официјално завршен на 18 септември 2020 година.
Снимен е и четвртиот дел, а и двата се базираат на истоимените романи од Ана Тод.

Некои сосема нови членови и се приклучија на актерската екипа, според објавата на официјалната страница на Инстаграм. Луѓето од нашиот регион ќе бидат особено заинтересирани, за тоа што кадрите се снимаат во Бугарија, каде што бројот на луѓе кои страдаа од Коронавирусот во октомври беше мал. Првиот филм „Аfter“ пристигна во киносалите во април 2019 година и брзо стана омилен меѓу обожавателите, откако гледачите беа запознати со бурната љубовна приказна на Теса и Хардин. Вториот дел пристигна во европските кина на 2 септември годинава. Еве што знаеме друго за третиот дел од филмот.

Кој глуми во третиот дел?
Жозефин Ленгфорд и Херо Фајнс-Тифин ќе ги репризираат насловните улоги на Теса и Хардин. Дилан Спруз се враќа како Тревор, а тука се и Роб Естес, како Кен Скот и Луиз Ломбард, како Трииш Даниелс. Другите улоги сè уште не се потврдени.

Кого нема да видиме во новиот дел?
Шејн Пол Мекги, кој го играше Лендон Гибсон, не можеше да се приклучи на снимањето во Бугарија.

Кои се новите актери?
Од серијата Chilling Adventures of Sabrina доаѓа Шанса Шанс Пердомо кој ќе го игра Ландон, Стивен Мојер е Кристијан Венс и Мира Сорвино е Керол. Ариел Кебел сега ја игра Кимберли. Картер Џенкинс ќе се појави во улогата на Роберт.

За што станува збор во овој дел?
Љубовта на Теса и Хардин досега беше комплицирана. Таа сега е позаплеткана повеќе од кога и да било. Животот на Теса суштински се менува. Сите се многу поразлични отколку што замислуваше таа. И пријателите и семејството. Хардин, единствената личност на која би можела да се потпре, е бесен затоа што откри сериозна тајна што таа ја криеше од него. Наместо да ја разбере, решава да ја саботира, се наведува во синопсисот.

Напиши коментар