Лесно е да се набројат непожелните карактеристики на потенцијалниот партнер, но препознавањето квалитети е малку потешка задача. Што точно ја квалификува една личност да ја исполни улогата на вашиот животен партнер?
Ако има некој во вашиот живот со овие неколку особини, не дозволувајте да замине.
- Го буди најдоброто во вас
Вашиот партнер не треба да ги буди вашите најлоши квалитети, туку само оние што ве прават подобри. - Тој е подготвен на компромис
Вие двајца не секогаш имате исто мислење за некои работи, затоа проверете дали лицето е отворено за вашите потреби и желби. - Го почитува вашето мислење
Вашиот партнер не секогаш се согласува со вас, но треба да биде во можност да ги почитува вашите верувања и покрај тоа што се разликуваат од неговите.
- Ги поддржува вашите интереси и одлуки
Вашиот партнер треба да ви биде најжесток обожавател и да ве охрабрува да бидете упорни во вашите намери, без оглед како тоа може да влијае на него. - Го прави вашиот живот позначаен
Вашиот партнер треба да придонесе за квалитетот што ве инспирира да растете, без разлика дали е попаметен или поамбициозен од вас. Но, проверете дали можете да го возвратите истото. - Може да биде целосно разигран кога е со вас
Животот е долго возење кое треба да биде исполнето со забавни моменти.
- Убаво се однесува кон вашето семејство
Ако вашиот партнер не покажува почит кон вашите пријатели и семејството, тешко е да се игнорира тоа, дури и ако тој нема проблем да покаже почит кон вас.
- Тој се сака себе исто колку што ве сака вас
Најдобар партнер е некој што може да биде и сам, без постојана зависност од вашето друштво или внимание.
- Тој е сигурен
Дури и ако другите аспекти на вашата врска се солидни, моќта на сомнежот е тешко да се отфрли.
Проблемите ќе бидат неизбежни ако постојано се сомневате во неговата искреност (и обратно).
- Ве расположува, не ве исцрпува
Вашиот партнер треба да ве инспирира да бидете ентузијастички расположени за животот.
Тој никогаш не треба да предизвика да се чувствувате лошо или да го убие вашиот дух на кој било начин.