Есента е секогаш резервирана за промени, како во гардеробата, така и за бојата на коса. Покрај промената на рутината за нега на кожата, ова се однесува и на косата, па затоа многумина се одлучуваат за нова боја на коса во новата сезона. Ако размислувате за нова фризура, а немате идеја што да пробате, ние ви носиме три идеи за три различни стилови – заедничко за секоја нијанса е што доаѓа од луксузната и богата есенска палета на бои и црпи инспирација од вашите омилени есенски пијалоци!
Боја на топло чоколадо
Во постудените денови, темните бои на косата можат да изгледаат суво и безживотно и малку монотоно, но одлично освежување ќе ви обезбеди нијансата на топло чоколадо, што ќе и го даде на вашата коса потребниот сјај. Овој изглед најдобро се постигнува во договор со фризерот, кој ќе знае каков третман на коса е потребен, за да се врати нејзината виталност и сјај.
„Pumpkin spice“ сјај
Ако размислувате за малку почудна промена, oваа нијанса, или едноставно кажано, нијансите на тиква, се одличен избор што нема да остане незабележан. Коренот на косата може да биде малку потемен од краевите, а акцентот е ставен на живописните бакарни тонови кои на косата и даваат димензионалност.
„Maple Spice“ нијанса
Ако сте љубител на русите тонови, тогаш оваа нијанса ќе ве воодушеви, која се карактеризира со топли тонови. За да се постигне овој изглед, поточно димензијата и длабочината на косата, лицето треба да биде „врамено“ во светли нијанси, додека остатокот од косата е во малку потемни тонови.