After Midnight

Ако сакате љубовта да влезе во вашиот живот, морате да се ослободите од овие лоши навики

Сите ние сакаме да имаме некој покрај нас, кого ќе можеме искрено да го сакаме и кој ќе ни возврати на ист начин. Сепак, факт е дека понекогаш не сме свесни за нашите лоши навики, кои не спречуваат да се сретнеме со „вистинскиот господин“ или да имаме квалитетна врска каква што посакуваме.

Престанете да мерите кој прв испратил порака

Вие не треба да бидете единствената личност која се труди таа врска да успее, но ако врската е генерално добра, нема смисла да се гледа кој прв ја честитал Новата година или кој ја испланирал претходната прошетка. Љубовта не е натпревар, престанете да „пишувате цртки за нечиј труд“.

Не ги спуштајте критериумите
Ако личноста со која сте во врска не ви го дава она што го сакате, тоа не значи дека треба да очекувате помалку, туку дека треба да барате некој од кого ќе го добиете она што ви треба.

Престанете да испраќате измешани сигнали

Колку што знаеме, сè уште не е можно да се прочитаат нечии мисли. Затоа е најдобро да пристапите искрено. Ако ви се допаѓа некој, кажете го тоа или на друг начин известете го лицето. Истото е ако имате проблем или се сомневате. Бидете искрени и отворени. Тоа е единствениот начин да се успее.

Немојте да го анализирате секој збор

Сите ние понекогаш ги бараме скриените значења на нечии зборови, пораки и слично. Но, не треба да се претерува. Ако лицето за кое се грижите се однесува убаво, ако се обидува, се однесува кон вас со почит, тој се грижи за вас. Ако не е така, продолжете понатаму.

Ако навистина не можете да прејдете преку нешто – немојте!

Ако нешто што некој ви направил е толку непростливо, немојте да се измачувате себеси или него. Ова е очигледен знак дека треба да продолжите сами и тоа е сосема во ред.

Не озборувајте ги бившите

Во ред е да наведете како завршила вашата претходна врска. Но, нека заврши тука, бидејќи постојаното спомнување на сè што било лошо во претходната врска, непотребно може да ве држи во минатото, а сè додека е тоа така, прекрасните работи што ве чекаат во иднина не можат да дојдат на ред.

Напиши коментар