Free zone

Ако сакате секогаш да изгледате модерно и софистицирано, одлучете се за некоја од овие нијанси на лак за нокти – Заблескајте во полн сјај за време на зимските празници!

Зимската сезона е пред нас, а освен што ќе ја прилагодиме гардеробата кон дадените временски услови, сигурно ќе носиме барем еден од следниве лакови – привлечни и популарни, едноставно нема да можеме да ги заобиколиме во текот на зимската сезона.

Топло чоколадо
Потемните и побогати нијанси на лакови беа вистински хит за време на есенската сезона, а нивното владеење ќе продолжи и во текот на зимата. Топлата нијанса на чоколадо е една од најпопуларните, а освен што станува збор за популарна светла боја, ситуацијата е иста кога станува збор и за кармини и облека.

Темна металик
Металните нијанси на лак се еден од најлесните и најпосакуваните начини да се добие празничен изглед, а во исто време да изгледа софистицирано. Без разлика дали избирате посветли или потемни нијанси, единственото што е важно е да имаат светкав финиш, што дефинитивно ќе ве одвои во сите прилики.

Нијанса на слива
Исто како што ќе изберете црвено вино во текот на зимската сезона, така и вашиот маникир ќе доживее промена во слична смисла. Имено, луксузните и потемни нијанси на слива се многу популарни и неодоливо потсетуваат на стилот од 90-тите години на минатиот век, а тие се резервирани за многу храбри дами кои не се согласуваат на компромиси.

Бело кафе
Кратко со млеко или продолжено со шлаг – да, ова се токму нијансите на лакот што ќе ја одбележат зимската сезона. Меѓу треперливите и темни зимски нијанси, минималистичките нијанси на бело кафе – всушност, тоа е крем-кафеава нијанса со доза на розов прав – ќе ги направи сите потребни промени и ќе биде вистинско модерно освежување.

Зимска зелена
Веројатно знаете дека темно зелената е една од најпопуларните зимски бои, а ова е случај и оваа зима кога станува збор за лаковите. Ова се прекрасни нијанси кои многу добро ќе се вклопат во секоја комбинација, а можете да ги носите во сите прилики без никакви проблеми.

Напиши коментар