After Midnight

Ако веќе се расправате, нека биде конструктивно – Ова се двете најважни правила на среќните парови

  1. Расправајте се чесно и избегнувајте ескалација на конфликтите

Како што објаснува психологот Хариет Лернер, луѓето во врска, честопати се однесуваат на таков начин, што интензитетот на бесот им дава за право да кажат било што, затоа што се премногу лути за да можат да контролираат што ќе им излезе од устата. Сепак, секоја личност може и мора да дејствува поинаку и подобро.

Идеално, во кавгите, треба да ги исклучиме сите „ниски удари под појасот“, меѓу кои се наоѓаат обвинувањата, прозивките, проповедањето, лажниот морал, наредувањата, заканите, исмејувањата и паметувањето.

  1. Слушајте со срцето – и извинете се

Лернер наведува дека најголемиот предизвик за паровите, е да го решат конфликтот на начин што ќе ги приближи и ќе им даде чувство дека другата страна ги гледа, ги слуша и разбира. За да биде можно ваквото решавање на конфликтот, важно е да работите на вештините за слушање во моментите кога ќе се појават разликите.

Најлесно е да го слушаме нашиот партнер кога ќе ни каже колку сме убави, забавни и паметни, сепак кога треба да добиеме критики, ние автоматски заземаме одбранбен став.

Обично, за повеќето луѓе, стандардната вредност за време на расправијата е да слушнат неточни и искривени информации и претерувања, кои секогаш се присутни во аргументот. Ние ги слушаме за да можеме да ги исправиме и да дадеме своја страна на приказната. На кратко, слушаме со што не се согласуваме.

Запомнете дека само изговарањето на зборот „Извини“ нема нужно да му помогне на вашиот партнер повторно да се чувствува смирено и безбедно во вашата врска. Искреното извинување мора да вклучува сфаќање дека не сте биле во право и да му го признаете истиот факт на партнерот. Секако, сите горенаведени работи треба да важат и за вашиот партнер.

Напиши коментар