Пејачот Алан Мерил, автор на “I Love Rock and Roll”, почина во неделата на 70-годишна возраст во Њујорк од корона вирус.
Тажната вест ја потврди неговата ќерка Лора на социјалните мрежи.
Лора напиша дека „имала две минути да се збогува со својот татко“, како и дека нејзиниот татко бил потполно здрав пред да се зарази со корона вирусот.
Мерил стана славна со песната “I Love Rock and Roll”, која ја напиша за групата The Arrows во 1975 година.
Неколку години подоцна, оваа песна ја прослави легендарната Џоан Џет, која се збогува со Мерил преку Твитер.