Celebrity

Анџелина Џоли и нејзинот мрачен фустан – Каква улога, таков костим!

Филмот за авантурите на вештерката Малефицент не можеше да помине без statement фустан, а еден од нив беше оној на модната куќа Ralph & Russo, за чие создавање дизајнерскиот тим потроши дури 700 часа!

„Не се случува често да мора да смислувате фустани што можат да се комбинираат со рогови и крилја“, се пошегува Тамара Ралф, дизајнерка на брендот Ralph & Russo. Но, дури и во такви невообичаени околности, Тамара и Мајкл успеаја да ги задоволат сите страни – Анџелина Џоли, која им ги препорача токму нив на продуцентите задолжени за снимањето на филмот и главната костимографка на снимањето, Елен Мирозник.

Работата на фустанот започна со создавање основа oд тул. Откако постигнаа совршен изглед, дизајнерите развија црн декор за фустанот, а потоа буквално ја собраа облеката од парчињата користејќи специјален силикон. Додадени се остри искинати контури на фустанот за да се создаде ефект на „цртање по кожа“, и да се нагласи карактерот на главниот лик, Малефицент.

„Ова е многу мрачен фустан, но ја нагласува силата на хероината“, вели Тамара Ралф. „Анџелина навистина ни помогна додека работевме на фустанoт, па целиот изглед на крајот делуваше неверојатно добро“.

Напиши коментар