Celebrity

Ариана Гранде е претседател на Америка во новиот спот за песната “Positions” – Погледнете го видеото!

Ариана Гранде објави видео за синглот “Positions”, најавувајќи го својот нов студиски албум, кој ќе го слушаме за помалку од седум дена.

А, во видеото – Ари е претседател! Одлучи да ја окупира Белата куќа, па ја гледаме како држи прес-конференции и шета кучиња во дворот.

Ова е уште еден начин на кој Гранде ги повикува граѓаните на Америка да гласаат (за демократскиот претставник, Џо Бајден) на претстојните избори во САД.

Синглот “Positions” е првиот од истоимениот албум, кој ќе го слушаме од 30-ти октомври. Ова е исто така, трет студиски албум којшто Гранде го издава во период од 3 години.

Напиши коментар