Celebrity

Аријана Гранде бесна: „Од сите работи што можевме да ги направиме, не можевме ли да поминеме уште неколку недели дома?“

Од почетокот на глобалната пандемија, Аријана Гранде е меѓу најгласните кога станува збор за промовирање на мерките за дистанцирање и безбедност. Но, сега таа е лута – со причина – на сите оние кои ги кршат овие правила.

И покрај тоа што забавите се забранети во Калифорнија, еден куп Тик Токери, вклучувајќи ги и сестрите Д’Амелио и Адисон Ре, ја прославија Ноќта на вештерките во ресторанот Saddle Ranch во Лос Анџелес.

Ова и пречеше на Гранде, која не се двоумеше дали да ги обвини во новото интервју.

„Од сите работи што можевме да ги направиме, не можеме ли да поминеме уште неколку недели дома, како другите земји, на кои им оди подобро отколку на нас“, рече таа.

„Дали навистина толку многу сакаме да одиме во Saddle Ranch, што не можеме да почекаме да помине смртоносната пандемија? Дали толку сакаме да облечеме каубојски чизми и да јаваме механички бик? Толку многу гориме од желба да објавиме фотографија на Инстаграм?!“ – се изјасни Аријана во емисијата Zach Sang Show.

За време на викендот, новинарите ја прашаа Дикси Д’Амелио што мисли за изјавата на Аријана.

„Не знам што да мислам. Таа е во право. Да, таа е во право. Кралица е, ја сакам“, изјави Дикси.

Сличен одговор имаше и Адисон Ре: „Мислам дека е фер тоа што го кажа. Разбирливо е. Јас дефинитивно не излегов. Седам дома и вежбам, а исто така подготвувам и свој филм “, изјави ТикТокерката, која заборави дека фотографите ја сликаа во споменатиот ресторан, неколку пати во изминатите неколку недели.

Напиши коментар