Celebrity

Аријана Гранде постигна голем рекорд на Инстаграм – нешто што на ниту една друга жена не и успеало!

Не и е доволно да руши рекорди во музиката, па сега руши рекорди на Инстаграм.

Честитки за Аријана пристигнуваат од сите страни и секако со причина. Пред само неколку дена, таа ја победи конкуренцијата на доделувањето на музичките награди ММА, и воодушеви со својот настап со Лејди Гага, а сега постави историски рекорд на Инстаграм.

Ари веќе некое време е најследената женска личност на Инстаграм, а сега постави нов рекорд како досега ова да не е доволно. Со своите 200 милиони следбеници, таа стана првата жена на оваа социјална мрежа што достигна толку голем број следбеници. Првиот маж кој достигнал огромна бројка од 200 милиони следбеници е Кристијано Роналдо, иако сега го следат 237 милиони луѓе.

Без сомнение прашање на време е кога ќе го стигне Кристијано! И дотогаш, таа може да ужива во својата титула прва (и досега единствена) женска личност со над 200 милиони следбеници. Покрај Ари, најследени девојки на оваа социјална мрежа се Кајли Џенер со 193 милиони следбеници и Селена Гомез со 190 милиони. Толку блиску, а толку далеку.

Честитки и пристигнуваат од сите страни: ‘Честитки за мојата пријателка Аријана Гранде за 200 милиони следбеници. Ти си кралица.Носи ја таа круна ’, и напиша Лејди Гага.

Напиши коментар