Celebrity

Аријана Гранде се вери: Таа е лудо вљубена во Далтон, ова е најсреќниот момент за неа!

Планетарно популарната пејачка, Аријана Гранде, ја oбелодини својата свршувачка со нејзиниот избраник, Далтон Гомез.

„Ова се среќни времиња за нив. Сите се среќни, семејствата се среќни. Не можат да бидат посреќни “, изјави извор близок до парот.

Аријана покрена гласини за веридбата уште на 20 декември, откако објави серија снимки на Инстаграм, а на една од нив се гледа прекрасен, масивен дијамантски прстен.

Аријана и Далтон се свршија по помалку од една година врска. За нивната врска почна да се шушка во март 2020 година, но ја официјализираа во спотот за Stuck With U, кој убавата пејачка го сними со Џастин Бибер.

Во тоа време, извор близок до парот открил дека двајцата се запознале преку заеднички пријатели.

„Тие се движат во истите кругови. Тој порано беше танчер и поради тоа имаат многу заеднички пријатели. Таа брзо се сретна со него за време на карантинот. Поминаа многу време сами дома“.

„Аријана е сè уште лудо заљубена во Далтон. Тие имаат здрава врска. Аријана го сака тоа што тој е многу приземен. Го сака и тоа што тој не е од музичката индустрија, како неа “.

Напиши коментар