Сасик-Сиваш е најголемото езеро на Крим, сместено помеѓу градовите Саки и Евпаторија. Сместено е на западната страна на полуостровот, кој е одвоен од Црно Море со копно, а го краси розевата боја.
Необичната боја на езерото е создадена од микроскопски алги, кои содржат бета каротен.
Бојата не може да се види во текот на целата година, а највидлива е во мај, јули и август.
Корисната сол, којашто лежи на лековитата кал, се вадела од езерото стотици години наназад и честопати била дел од трпезата на најбогатите луѓе. Но, во превод, Сашик – Сиваш не посочува дека се работи за вредна, туку за смрдлива кал.
Ова езеро доби на популарност со доаѓањето на социјалните мрежи, а денес е едно од најпопуларните места за фотографирање на Инстаграм.
Воодушевени од бојата на езерото, луѓето едноставно се натпреваруваат кој попрво ќе се фотографира пред убавините на ова езеро, а инфлуенсерите се дефинитивно во водство.