After Midnight

Бакнежот има многу позитивни ефекти врз човечкото тело, а се верува дека кај жените може да предизвика оргазам

Мажите кои ја бакнуваат својата партнерка пред да заминат на работа се попродуктивни, покажуваат истражувања, додека некои жени дури можат да доживеат оргазам додека се бакнуваат.

Воедно, паровите кои честопати се бакнуваат, имаат многу подобра врска.

Науката што студира бакнување е наречена филематологија, а во просек, луѓето поминуваат 20.000 минути во текот на животот во бакнување.

Две третини од луѓето ги наведнуваат главите надесно додека се бакнуваат.

Страствениот француски бакнеж е особено добар – делува одлично врз нашите тела, го елиминира стресот, не релаксира, ја зајакнува самодовербата и дури има ефект како вежба.

Таквиот бакнеж троши 29 калории за една минута – што би било дури 780 калории за половина час.

За споредба, ова е количината на калории што ја јадете во една и пол чоколада (околу 150 грама) или во еден оброк.

Покрај трошење многу калории, за време на францускиот бакнеж, во телото се активираат околу 30 мускули, а само два со бакнеж со затворена уста.

Исто така, додека се бакнувате, вашето тело лачи многу хормони и невротрансмитери – тие го подобруваат расположението (како што се адреналин, серотонин и допамин).

Кога се бакнувате, срцето чука побрзо и телото е исполнето со кислород.

Напиши коментар