Celebrity

Бекамови чекорат по стапките на Кардашијан: Следува ново забавно шоу на малите екрани!

Секој што во последно време жали за крајот на риjалити шоуто “Keeping Up With The Kardashians”, може да најде утеха во информацијата дека популарната стриминг платформа, Netflix, планира да сними сличен формат со фокус, ни помалку ни повеќе, туку на семејството на фудбалерот Дејвид Бекам и неговата сопруга, дизајнерката Викторија Бекам.

Славниот пар ќе ја продаде својата приватност за неверојатни 16 милиони фунти и ќе им покаже на гледачите многу непознати детали од нивната врска, како и детали од животот на нивните четири деца, кои исто така, ќе бидат дел од програмата. Викторија Бекам се надева дека овој проект ќе придонесе за популаризација на брендот Бекам.

Напиши коментар