Модните дизајнери навистина се обидуваат да бидат во чекор со времето и новите ситуации, па затоа се повеќе се вртат кон дигиталната сфера. Муглер им се придружи на големиот број модни куќи во потрага по нови начини на комуникација на своите уметнички визии со публиката.
Уметничкиот директор на Муглер Кејси Кадваладер уште претходно се спријатели со Бела Хадид, а во времето на карантинот, таа стана негова виртуелна муза. Имено, поради невозможноста за патување, оваа пролет Бела беше снимена во Њујорк од тим експерти за CGI технологија, што инаку се користи во 3Д филмови, а беше создаден и аватар – Диги-Бела.
Диги-Бела (Digi – Bella) е виртуелна муза за виртуелна модна ревија, во која најпрво носи фармерки и бел кроп – топ, за подоцна да се претвори во пегаз, кој лета далеку од палатата Гарние, и на крај носи црн костум, главен дел од колекцијата на Муглер.