Celebrity

Бела Хадид во ретро – стил од 2000те години

Бела Хадид отсекогаш знаела како да се наврати неколку години наназад со стилот. Во последно време, облеката на моделот беше фокусирана на 90-тите години. Таа обожава мали ситни торби кои се носат на рамениците и широки фармерки. Но, додека беше во Бруклин, Бела изненади со изглед којшто многу потсетува на модата од 2000те години.

Y2K модата дефинитивно е врв во моментов – тоа го прават сите кул девојки на ТикТок и Инстаграм, што ги трогна сите кои растеа во тоа време – а Бела ја прифати естетиката „Повеќе е повеќе“ на свој начин.

Бела, која денес слави 24ти роденден, синоќа беше на подранета роденденска вечера со пријателите. За таа пригода, таа носеше мрежеста маица, парче облека што би можеле да го видиме како го носат тинејџерите во 2000-тите. Но, Бела направи облеката да изгледа модерно, со тоа што носеше бел „кроп – топ“, искинати фармерки (исто така многу Y2K) и слоевити златни ѓердани. Нејзините црни, шпиц – чизми исто така помогнаа на облеката да и се даде свежина, како и светкавата торба за на рамо, што таа дискретно ја носеше.

Напиши коментар