Една од најубавите жени на светот, познатата манекенка, Бела Хадид, ја воодушеви јавноста со својот хуман гест.
Имено, Бела реши да донира облека за бездомници, како и за оние луѓе кои немаат пари. Моделот кажа повеќе за овој хуман подвиг на Инстаграм.
„Снегот е прекрасен, но секој ден, како станува постуден, не можам да не мислам на луѓето кои немаат дом оваа зима… Кои одат по снегот секое утро без ќебето што им е потребно, работниците на улиците…Јас секогаш размислувам за луѓето кои не можат да си дозволат топла облека, како и за нивните деца, родителите… “, изјави Бела:
„Во оваа тешка година, многу луѓе ги загубија своите работни места, своите домови, и пред се, овој проклет снег им ја отежнува ситуацијата и носи тага и обесхрабрување. Поминав низ плакарот и најдов неколку топли работи, јакни и палта да ги испратам до „The Peppers Table New York“, кои ќе ја соберат облеката и ќе ја постават низ градот или ќе им ја дадат на луѓето на кои им е потребна. Ќе продолжам да ги поддржувам, особено во текот на зимата.“