Celebrity

Bershka склучи соработка со Били Ајлиш – новите модни парчиња се тотално во нејзин стил!

Ова е една од оние колекции што нема да ги најдете така лесно. Били Ајлиш има многу специфичен стил на облекување – екстра лабава облека, удобни работи, тренерки, дуксери, темни бои во комбинација со светли бои, необични апстрактни мотиви, а понекогаш и сите во едно. Сега и вие ќе можете да се облечете како Били затоа што новата колекција што пристигна во Bershka го има сето тоа. Парчињата изгледаат како да биле извадени од плакарот на Били.

Не е изненадувачки со оглед на тоа што колекцијата е создадена во соработка со популарната пејачка. Покрај облеката, во колекцијата може да најдете и некои додатоци, како маска за мобилен телефон, чорапи, обична зимска капа, но и капа за риболов што Били знае да ја носи. Некои парчиња изгледаат потполно „merch“, бидејќи на нив е насликана пејачката и е напишано нејзиното име, додека други изгледаат исто како облеката на Бил, без никакви натписи.

Во колекцијата доминираат темни парчиња облека, сè изгледа малку апстрактно, но тоа е она што се бараше. Сè изгледа одлично и како створено за фановите.

Напиши коментар