Free zone

Бесплатно пиво во замена за помош во здравството

Поради вонредните мерки, британските пивари немаат работа, така што пиварата Hatspar Holding од градот Northamberlenda во северо-источниот дел на Англија, пред еден месец, донесе одлука да ги дистрибуира бесплатно своите резерви на граѓаните, со молба да и се помогне, на доброволна основа, на Националната здравствена служба, објави Си-Ен-Ен.

Ко-сопственикот на оваа англиска пивара, Јан Робинсон, вели дека се решил на ваков вид акција инспириран од идејата на шкотска пивара, но и да побара од граѓаните за возврат да донираат пари на Националната здравствена служба.

Акцијата започна пред 3 недели и оттогаш пиварата Hatspar дистрибуира пиво бесплатно секој петок, при што граѓаните до сега донираа 940 фунти.

Напиши коментар