Free zone

Без разлика што се случува, секогаш има причина да продолжиш напред…

Без разлика што се случува секогаш има причина да продолжиш напред. Ако таа не е одредена цел, тогаш нека причината биде едноставно таа да живееш уште еден прекрасен ден во кој не си се откажал.

Затоа, ќе ви дадеме неколку причини кои секогаш помагаат кога човек е на границата да се откаже од тоа да ги реализира своите соништа…

А ти си речиси таму

Кога си поминал долг пат на упорност и истрајност, не запирај. Запамети дека во животот секој миг е момент, од кој нема враќање. Минатото веќе не постои и се што можеш да направиш, е да одиш напред кон својата иднина. Не се откажувај кога речиси си таму – до целта, не запирај да се бориш и развиваш. Постојаноста е една од најголемите “тајни” на успехот.

Ако се откажеш, значи си го изгубил времето

Времето е единствениот ресурс кој човек може да гио изгуби неповратно. Нема како да вратиш одредени моменти, затоа не се откажувај од она што го гониш. Тоа значи да го фрлиш времето.

Запамети дека неуспехот е нешто одлично

“Кога губиш, не знаеш што добиваш”- сте слушнале за оваа приказна, нели? Многу е точна! Лекциите на кои учиме, се непроценливи. Запамети дека секој победник губи, но не секој губитник победува. Од тебе зависи каков ќе избереш да бидеш.

Ако не успееш ти, тогаш некој друг ќе го направи тоа

Така е – животот е борба за превласт и ако ти се откажеш, тогаш некој друг ќе ја постигне твојата цел. Ако го сакаш тоа, откажи се, ако не, бори се!

Ако се откажеш, ти ќе си единствениот кој ќе загуби

Да, ако се откажеш од своите соништа и цели, ќе изгубиш само ти. Семејството и пријателите најверојатно ќе те поддржуваат и ќе бидат до тебе, дури и да не си успеал.

Запомни – смо оние, кои се откажуваат, никогаш не заработуваат!

Напиши коментар