Веќе некое време можат да се видат заедно, особено во последно време, кога папараците ги фатија на неколку места во Њујорк.
Од раскинувањето со Џастин Бибер, веќе неколку пати се зборуваше дека Селена излегувала со некои други музичари, но ниту еднаш не беа блиску до вистината. Таа сега е фатена на неколку состаноци со иста личност и се чини дека таму навистина може да има нешто. Станува збор за кошаркарот Џими Батлер. Тие беа фатени на неколку средби во последните неколку недели, и бидејќи двајцата не се дружеа претходно, сите се надеваат дека Селена конечно пронашла некој нов на љубовно поле.
Нема ништо лошо во сингл животот, паузата од љубовни драми и концентрацијата на сопствените успеси, што Селена ги искористи прилично добро во последниве години. Таа сними врвен албум и се врати на музичката сцена во полн сјај, а неодамна лансираше и свој бренд за шминка Rare beauty, кој исто така воодушеви. A, сега станува збор за нејзината љубовна врска. Можеби 2020 година беше тешка за светот, но на Сел донесе среќа и успех.