Celebrity

Бијонсе откри дека се занимава со пчеларство: „Медот има многу лековити својства!“

Планетарно-популарната пејачка, Бијонсе, одлучи да се посвети на уште една професија. Започнала да се занимава со пчеларство, а за тоа има многу добра причина. 39-годишната пејачка откри дека почнала да се занимава со ова поради нејзините ќеркички, Блу Ајви (8) и Руми (3), на кои медот им помага да ги надминат алергиите.

„Знам дека звучи малку невообичаено, но веќе имам две кошнички. Ги имам на имотот веќе некое време. Имам околу 80.000 пчели и правиме стотици тегли мед годишно. Почнав да се занимавам со пчеларство, затоа што моите ќерки, Блу и Рум, имаат страшни алергии, а медот содржи безброј лековити својства“, изјави пејачката.

Напиши коментар