Celebrity

Бијонсе повторно ја покажа хуманоста на дело: Ќе донира 500.000 американски долари на најпогодените од Корона-кризата!

Американската пејачка, Бијонсе ќе 500.000 американски долари бесповратни средства, за да им помогне на луѓето кои се соочуваат со иселување поради стамбената криза, предизвикана од Коронавирус пандемијата.

Луѓето можат да аплицираат од 7 јануари 2021 година, објави пејачката на својата веб-страница.

Помошта е наменета за 100 лица, кои ќе бидат избрани на крајот на јануари, пренесуваат странските медиуми.

„Бијонсе продолжува да дава поддршка од се срце и помош таму каде што е најпотребно. Втората фаза од фондот BeiGOOD Impact сега ќе им помогне на погодените од станбената криза “, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека мораториумот за домување треба да заврши на 26 декември, што би резултирало со ликвидации под хипотека, иселувања на оние кои биле под кирија и потсетува дека многу семејства се погодени поради пандемијата, што резултираше со губење на работното место, болест и целосен економски пад.

Се проценува дека 9,2 милиони станари, кои изгубиле приход за време на пандемијата, доцнат со плаќањето кирии, стои во анализата на податоците од пописот на Центарот за буџетски и политички приоритети.

Напиши коментар