Astro&Horoscope

Бик, Девица и Јарец: Владеењето на Стрелецот ќе трае до 23 декември, а тоа ќе им донесе лоша среќа на овие хороскопски знаци

Бик – Голема љубовна бура
Длабоко вдишете, драги Бикови. Сонцето во Стрелец ја осветлува вашата осма куќа на интимноста и трансформацијата, егото и смртта – ве очекуваат големи предизвици во љубовта. Нема да имате енергија да се справите со сите препреки што ќе ви се најдат на патот.

Вашиот партнер нема да има разбирање за вашето незадоволство и ќе потиснете многу емоции длабоко во вашата душа. Не донесувајте ненадејни одлуки – почекајте да помине бурата.

Девица – Премногу размислување и несигурност
Работевте напорно, но сепак не гледате напредок и сметате дека вашата работа не е доволно наградена. Сонцето моментално е во вашиот четврти дом, семејството и емоциите – можна е апатија, чувство на празнина и меланхолија. Фокусирајте се само на работите што се во ваша моќ или контрола. Многу работи што се случија, вие веќе ги очекувавте, но не мислевте дека вака ќе ве погодат.

Фокусирајте ја својата енергија на решавање на предизвикот, но не губете баланс помеѓу деловното и приватното. Поминете повеќе време со партнерот или пријателите.

Јарец – Барање смисла
Уште малку остана до вашиот роденден, Сонцето повторно ќе влезе во вашиот знак и ве очекува нов циклус од животот. Дотогаш, ќе ја барате вашата вистинска смисла и цел. Ќе сакате да им покажете на другите колку напредувавте, но многу работи ќе ве спречат.

Секојпат кога ќе се задлабочиме во својата душа, можеме да најдеме нешто што не ни се допаѓа, а кое одамна сме го закопале.

Важно е да го прифатите ова. Не се откажувајте од вашите амбиции. Сонувајте, одморете се повеќе и кажете им збогум на сенките од минатото. Наскоро ве чека подобар период.

Напиши коментар