По претставувањето на спотот за насловната Џејмс Бонд „No Time To Die“, доаѓа онлајн концерт за сите обожаватели на Били Ајлиш.
Пејачката го најави концертот „Where Do We Go The Livestream“, што ќе се одржи на полноќ помеѓу 24 и 25 октомври.
Били го издаде својот прв студиски албум “When We All Fall Asleep, Where Do We Go?” во март минатата година, а до тогаш, за неа се беше една неверојатна авантура, почнувајќи од реакциите на публиката, па се до фактот дека стана најмладиот изведувач на Џејмс Бонд нумерата некогаш, и тоа за јубилејното 25то продолжение од филмот.