Celebrity

Били Ајлиш открива како влијаел карантинот на нејзиниот нов албум

Били Ејлиш можеби нема да открие кога ќе издаде нов албум, но тоа не значи дека не работи на него.

Младата пејачка зборуваше за новите песни, но и за тоа како карантинот влијаел на нејзината работа.

„Разговаравме со месеци за тоа како оваа година исцрпи многу луѓе и напоменував колку многу сакам да патувам и да одам на турнеји, но ако сето тоа се случеше, никогаш немаше да го направам овој албум“, открива таа.

„Ние ќе направевме некаков албум, но тој ќе звучеше сосема поинаку.“

„Не пишуваме песни за карантинот, но нашите мисли се различни. Тоа е ефектот на пеперутка. Тоа е што е. Во исто време, ова е прв пат во мојот живот да имам толку многу слободно време, особено откако влегов во индустријата пред 5 години“, објасни таа.

„Ова е и благослов и проклетство, но јас сум среќна што успеавме да создадеме песни какви што создадовме и едвај чекам да ги слушнете. Едвај чекам да ги слушне целиот свет. Возбудена сум за иднината“, заклучи Били.

Инаку, со песната Everything I Wanted, што ја објави оваа година, Ајлиш постигна 3 номинации за Греми: за снимка на годината, песна на годината и поп – соло нумера.

Напиши коментар