Celebrity

Били Ајлиш се најде на мета на критики поради една фотографија – Она што го изјави во врска со тоа, може да им биде од големо значење на многу девојки

Замислете дека сте девојка која ги има освоено сите можни награди за вашиот глас и музиката што ја создавате. Замислете дека имате само 18 години и целиот свет ве познава. Замислете дека секој ваш поглед е проследен со илјадници папараци и дека еден ден, нa плус четириесет, одите кај вашиот брат и истите тие папараци ве фотографираат како излегувате од автомобилот во „домашно издание“. На себе имате маица на прерамки и шорцеви. Следниот ден, можете да ги видите насловните страници на сите киосци со вашата фотографија, додека под неа пишува: “Били Ајлиш се здебели!”

Сè што направивте сега е помалку важно затоа што имате маснотии во стомакот. Секој успех што сте го постигнале, како своевидно чудо, сега е незабележан, затоа што покажавте дека имате прекумерна тежина?!?

Повеќето девојки би оделе на исцрпувачки тренинзи, гладување, испирање на цревата, но не и Били Ајлиш. Таа само изјави: “Луѓе, јас не се здебелив, изгледам така, само што не сте ме виделе порано вака облечена!”

И не жали ниту секунда што излегла тој летен ден во маица на прерамки. Таа не сака да го врати времето, сака само да покаже дека една девојка може да изгледа и вака. Дека и е дозволено да има вишок килограми, коса обоена во зелено и црно, да носи што сака и да се дружи со кого сака…

Бидете како Били и живејто го животот како што сакате!

Напиши коментар