Celebrity

Били Ајлиш стана дел од музичката елита: Спотот за песната “Bad Guy” има повеќе од милијарда прегледи!

Младата Били Ајлиш сега стана дел од музичката елита на YouTube. Имено, нејзиниот спот за песната “Bad Guy” достигна повеќе од неверојатни милијарди прегледи.

Со волкава бројка на прегледи на песната, таа си обезбеди место во историјата на музиката, а факт е и дека песната е навистина заразна.

Важно е да се напомене дека ова е огромен успех, имајќи предвид дека видеото е објавено пред нешто повеќе од една година. Покрај песната и музиката што многу брзо „влегуваат во уши“, видеото е доста импресивно. Били Ајлиш најпрво „излетува“ од жолта хартија, а потоа ѝ истекува крв од носот. Во следната сцена се тркала како бебе по шарениот тепих и се вози во детски автомобил. На крајот од видеото, таа е на грбот на еден млад човек кој прави склекови во темна просторија. Ова видео е во режија на Дејв Мајерс, кој во 2004 година работеше и на албумот “My Prerogative” на пејачката Бритни Спирс.

Напиши коментар