Холивудскиот актер, Бред Пит, е постојано во центарот на вниманието, но сепак некои делови од неговата приватност сè уште се енигма.
Затоа многумина не знаат дека тој има брат, Даглас, кој е три години помлад од него. Иако двајцата неодоливо потсетуваат еден на друг, Даглас сепак тргнал по поинаков пат од неговиот брат, па својата деловна кариера ја започнал со отворање на компјутерска агенција.
Денес тој се занимава со продажба на недвижнини, инвестиции и хуманитарна работа.
Покрај тоа, тој е амбасадор на УНИЦЕФ и основач на хуманитарната организација Care to learn, која им помага на децата, а исто така, собра и 750.000 долари за проекти за чиста вода во Танзанија.
И неговиот љубовен живот е далеку помирен отколку на неговиот постар брат. Имено, Даглас е во среќен брак триесет години и има две деца.
Иако избрал работа што се одвива далеку од очите на јавноста, странските медиуми објавија дека Даглас не заработува многу помалку од Бред. Како што е напишано, неговото богатство се проценува на околу 240 милиони долари, додека она на Бред изнесува 300 милиони долари.