Celebrity

Британија донесе закон: Познатите личности мораат да ги означат фотографиите на кои користеле фотошоп!

Се чини дека обработката на фотографии на социјалните мрежи отиде предалеку: никој не знае што е вистина и што е реалност, а тоа најмногу влијае на психата на младите, кои предводени од „совршенството“ на Интернет, го бараат истото во реалниот живот.-совршеното не постои.

Затоа Велика Британија сака да им забрани на познатите тајно да обработуваат фотографии на Фотошоп со цел да го променат сопствениот изглед, а потоа да ги објават на мрежите.

Претставникот на конзервативната партија во британскиот парламент Лук Еванс вчера претстави предлог-закон, според кој секоја позната личност ќе мора да обележи фотографии кои се дигитално обработени.

Еванс, кој е и член на одборот за здравствена и социјална грижа, рече дека обработените фотографии на мрежите „ја разгоруваат кризата со менталното здравје“ и создаваат „илузија за убавина“, објавија вчера британските медиуми.

Да се потсетиме, пред извесно време, Клои Кардашијан беше напдната со мноогу критики и осудена од јавноста, откако се фотошопираше до непрепознатливост. Неколку месеци подоцна се појави видео од шоуто Во чекор со Кардашијанс, каде се гледа како всушност изгледа Клои.

Напиши коментар