Free zone

Број 1 чизмите за оваа есен – Топли, удобни и многу модерни!

Бајкерските чизми се популарни веќе неколку години наназад, вклучително и оваа есен и зима, но оваа година еден модел се истакна како „задолжителен“. Тоа се белите бајкерски чизми.

Се работи за тренд кој ги освои љубителите на модата во рекордно време, а стајлингот што се истакнува оваа есен е комплетно црна комбинација на облека со бели бајкерки кои имаат црн ѓон.

Дамите со стил ги носат во безброј други комбинации – со здолништа, фустани, фармерки, дури и одела.
Тоа е модел на обувки кој е совршен за студени денови и различни модни стилови, така што лесно може да се вклопи во скоро секое парче облека.

Изберете едни баш како за вас – едноставни или украсени со детали, со платформа или рамни и ќе бидете модерни во секоја прилика!

Напиши коментар