Astro&Horoscope

Брутално искрени: Овие хороскопски знаци можат да направат да се чувствувате многу непријатно!

Стрелец

Ако е расположен, ќе ви истури низа искри од неговата искреност, преку шега и сарказам. Но, ако сака да ви го „дотера паметот“, тој ќе ви ги замрзне коските со неговата поразително – логична искреност. Стрелецот не сака да навредува, навистина се грижи за добрите односи со луѓето и е позитивно ориентиран кон светот околу него – тој само сака да ви наслика што појасна и поточна слика, да ги погледнете работите од негова перспектива и „да се вразумите“. Самодовербата им овозможува на Стрелците да кажат што точно мислат и да се чувствуваат пријатно, како да не прават операција на отворено срце без анестезија – додека вие може да се чувствувате како пациент чиј граден кош го отвораат на живо!

Девица

Прецизната, аналитичка и претпазлива Девица размислува добро, пред да одлучи да ви го каже своето мислење, кое воопшто нема да ви се допадне и поради кое ќе се чувствувате мизерно и глупаво. Но, можете да бидете сигурни дека не ве извртува, не ве фарба и не ве лаже, како и тоа дека е сигурна дека мора да се соочите со вистината што таа треба да ви ја каже – Девицата веќе го зела сето тоа во обзир, го разгледала, анализирала, измерила, го обликувала и ви го дава производот готов. Притоа, таа ја нуди целата своја помош и поддршка во непријатната ситуација и нема да отстапи ниту еден чекор, нема да ве остави да си ја „кршите главата“ сами, сè додека не одлучите што да направите, или како да го решите проблемот.

Лав

Лавот не сака да ве навреди и да ги повреди вашите чувства, но тој има високи стандарди, и за себе и за другите, а ако сте му важни, деловно или приватно, и не исполнувате некои од тие стандарди, или правите грешки, тој дефинитивно нема да молчи. Ќе ви објасни како стојат работите и ќе ве замоли да се поправите или да отстапите ако не сте во можност да го исполните она што се очекува од вас. Никој нема подобра граница од Лавовите, бидејќи тие точно знаат колку вредат и немаат намера да ги намалуваат своите критериуми во кое било време и од било која причина. Од друга страна, ако ве фали и ви даде комплименти, Лавот ви ја покажува највисоката чест, затоа што не ви ласка – бидете сигурни дека заслужувате пофалби и бидете горди на себе.

Овен

Огнениот, бестрашен и ферски настроен Овен, има тенденција да реагира пред да размисли – тој повеќе би бил искрен отколку да молчи и да чека, особено ако е лут, или убеден дека се случува неправда. Кога Овенот ве преслушува, ќе се чувствувате како дете кое го сторило токму она што беше замолено да не го прави, како да сте ја изневериле неговата доверба и сега заслужувате небото да ви падне на глава. Тој ќе грми и ќе светка (веројатно викање и пцуење), но тој ќе биде целосно во право цело време, за што ќе бидете болно свесни. Тој нема да ве поштеди од грубост особено, ако многу се грижи за вас, затоа што верува дека е подобро да се биде непријатен и да ги расчисти работите, за односите да останат онакви какви што биле. Овенот не е во можност да лаже за да го зачува мирот и многу му е тешко да молчи и да го чека вистинскиот момент – но, понекогаш му успева. Значи, кога се нафрли врз вас, откако дал сè од себе да биде трпелив и да ви даде шанса, време и простор, бидете мирни и внимателно слушајте што ви кажува.

Напиши коментар