Можеби не постои брз начин за решавање на сите животни проблеми, но постои начин за брза борба против акните и мозолчињата на лицето.
Толку едноставeн и ефикасен што ќе бидете воодушевени од резултатите. Се прашувате во што е тајната? Во коцките мраз!
Овој едноставен трик за смирување на црвенилото и намалување на воспалението под кожата, без несакани ефекти, може да ви помогне во борбата против акните и мозолчињат. Иако коцките мраз не можат, како магија, да ги отстранат акните од лицето, тие можат да го олеснат заздравувањето и регенерацијата на кожата.
Употребата на ладни третмани за смирување на акните, всушност не е ништо ново. Оваа идеја му е позната на човештвото уште во далечната 1925 година, кога мразот беше главното средство за смирување на црвенилото и иритацијата на кожата. Мразот носи неверојатни придобивки на лицето во однос на третманот со акни како што се:
Намалување на отокот и воспалението – Црвенилото и отокот може да бидат вистински кошмар ако се борите со цистични акни. Мразот, сепак, ги стеснува крвните садови и го намалува воспалението. Има смирувачко дејство и го забавува протокот на крв, што ви дава моментално олеснување.
Помага во намалување на порите – Една од главните причини за појава на акни е затнувањето на порите на кожата, како резултат на акумулација на нечистотија и мртви клетки на кожата. Редоследот на настаните ви е јасен – бактериската инвазија предизвикува појава на акни во тие области. Обвивките базирани на мраз помагаат во намалување на порите, што значи дека бактериите немаат пристап до подлабоките слоеви на вашата кожа.
Избегнувајте примена на коцки мраз директно на лицето, наместо тоа, завиткајте ги во чиста и памучна крпа и третирајте ја областа со акни околу 10 минути. Направете пауза од 5 минути за кожата да ја поврати својата боја и повторете ја постапката.
За уште поефикасни резултати, потопете го лицето во ладна вода во која се мешаат коцки мраз со парчиња од лимон и краставица. Држете го лицето во вода неколку секунди, потоа извадете го и повторете го истото уште неколку пати. Лимонот и краставицата се многу ефикасни во отстранувањето на нечистотиите од лицето.