Free zone

Брз тест на личноста: Дали се занимавате со работата за која сте родени?

Тестот кој го осмислила докторката на науки Сузан Делинџер, ќе ви помогне да откриете нешто повеќе за себе и професијата со која се занимавате. Поточно, методот на чија основа се темели овој тест, е идеален за препознавање на сопствените квалитети, но и недостатоци кои во работата не спречуваат да дојдеме до чувството на задоволство и саканите цели.

За да откриете дали сте го пронашле вистинското животно занимање или она најидеалното за вас во иднина, потребно е внимателно да ги погледнете сите форми и да ја изберете онаа за која мислите дека најдобро ве претставува како личност.

Круг

Најважни ви се меѓучовечките односи, односи сакате луѓето околу вас да се среќни. Во состојба сте да ја стабилизирате групата и поседувате висок капацитет за емпатија, радост и болка на другите која всушност ја чувствувате како сопствена. Но, вашите недостатоци, како склоноста на зборување за другите, неодлучност, мрзеливост и самообвинување, често ве „јадат“ и не ви допуштаат да пронајдете сопствен мир, како ниту признание за успех.

Типични занимања: глума, маркетинг, историчар, домаќинка, работник во човечки ресурси, наставник, угостител, писател.

Квадрат

Сакате напорно да работите и секогаш сакате да го завршите она што сте го започнале. Една од големите доблести во сите животни ситуации е вашата трпеливост и методичност. Но, со оглед на тоа дека сте во состојба секоја ситница во работењето детално да ја проверите, што ја забавува одлучноста, тешко дека стигнете до позицијата шеф. Поради доминантното користење на левата половина од мозокот, која ја карактеризира логичкото размислување, никогаш не го слушате внатрешниот глас, туку сте во состојба со часови да анализирате како да дојдете до решение, отколку да ја послушате интуицијата.

Идеални занимања за вас: сметководител, службеник во банка, програмер, градежен работник, доктор, инженер, секретар, возач, трговец.

Триаголник

Вие сте роден менаџер, лесно можете да се насочите на целта и промислено и брзо да ги анализирате ситуациите, брзо учите и новите информации ги впивате како сунѓер. Имате голема самодоверба и во се сакате да бидете во право, затоа и не зачудува дека најтешко ви е да признаете грешка. Ваши предности се контролата, критичноста, иновативноста, прецизност, визии, амбиции, фокусираност и склоност на почитување хиерархии. Но, на патот кон високо поставените цели ви пречат нетрпеливоста и самоориентираноста.

Идеални занимања: архитект, претприемач, дизајнер, економист, директор, адвокат, војник, пилот, политичар, синдикалец.

Правоаголник

Токму како и формата правоаголник, која се создава од една форма кон друга, така и вие постојано се обидувате да седите на две столчиња. Никако не ги препознавате сопствените квалитети и постојано барате излез од моменталната ситуација. Другите би ве опишале како збунети и луѓе со мала самодоверба. Од друга страна пак, вие сте личност која поседува љубопитност и храброст. Ќе се обидете да го направите тоа што никогаш досега не го направил и ќе поставите прашања за кои другите немаат храброст.

Типични занимања: претприемач, аниматор, раководител на сектор, изведувач.

Цик-Цак

Многу сте креативни, се потпирате на фантазијата, имате способност да создадете рамномерен поглед на светот и да ја видите неговата внатрешна убавина. Но, од друга страна, многу сте немирни и не можете долго да работите на едно место. Ви станува досадно, затоа што сте уверени дека ништо не е конечно, ниту со правила запишано. Иако лесно осмислувате идеи, проблемот е што тешко ги решавате, бидејќи повеќе ви интересираат можностите од реалноста.

Идеални занимања за вас: уметник, дизајнер на ентериер, пронаоѓач, музичар, промотор, истражувач, столар.

Напиши коментар