Celebrity

Чарли и Дикси Д’ Амелио на мета поради последното видео – ги нарекуваат неблагодарни и груби!

Интернетот сака да го става секој чекор и секој збор на славните под лупа и да ги вади од контекст, а сега сестрите Д’Амелио го пoчуствуваа тоа на своја кожа. По последното видео на YouTube, Tик Токерките се на удар на критики и изгубија многу следбеници. Еве што се случи:

Чарли изгуби половина милион следбеници на ТикТок за само еден ден. И покрај тоа што на нејзините 98,4 милиони тоа е ситница, сепак е многу. Таа беше доволно близу да го собори рекордот и да има 100 милиони следбеници, но сега изгледа дека тој број ќе мора да почека уште малку. Откако на нивниот семеен канал на YouTube се појави видеото „Dinner with The D’ Amelios“ во кое им се придружи и гостин изненадување (спојлер: Џејмс Чарлс), фановите не беа воопшто задоволни од однесувањето на сестрите Д’Амелио за време на вечера. Поради тоа како се однесувааа, имаше еден куп негативни реакции. На вечерата, меѓу другото, професионален готвач им послужи полжави како дел од оброкот и тука започна драмата. Поради тоа како реагираа, сите велат дека се груби и неблагодарни.

Дикси праша што е тоа и кога и рекоа дека е полжав, полуде. Откако го изеде, се извини и рече дека мора да повраќа, а реакцијата на Чарли беше прашањето „дали има пилешки Dino nuggets“. Луѓето го доживеаа ова како навреда кон готвачот. Дикси сепак одговори и рече дека готвачот што им готвел таа вечер бил близок семеен пријател и дека знаел дека го сакаат и него и неговата храна. Таа додаде дека тој стоел зад камерата и и велел да го јаде полжавот затоа што тој знаел каква ќе биде нејзината реакција. Таа призна дека не сакала да биде груба и дека сето тоа било шега и дека има необична смисла за хумор. Таа му се извини јавно и на готвачот.

Но, тоа не е сè. Тие се осврнаа и кон нивниот голем успех, што девојките го постигнаа за само една година. Чарли исто така изјави во еден момент дека би било ептен кул ако достигнела милион следбеници истата година и 100 милиони подоцна. Проблемот настана кога Џејмс Чарлс се пошегува и ја праша Чарли дали 95 милиони следбеници не и се доволни. Бидејќи се чинеше дека Чарли се противи затоа што има САМО 95 милиони следбеници, започнаа критиките. Изјавата започна да излегува од контекст и еден куп луѓе не сфатија дека сето тоа е само шега и за еден ден беше отследена од половина милион луѓе!

Нема смисла да се напаѓа некој за изјави извадени од контекст, но луѓето на Интернет се досадуваат и им е позабавно да шират омраза отколку нешто позитивно.

Напиши коментар