Celebrity

Чарли и Дикси Д’Амелио снимаат ријалити: ТикТок ѕвездите подготвени се да го преземат ријалити светот!

Според американските медиуми, двeте заедно со своето семејство, ќе снимаат ријалити шоу, наречено The D’Amelio Show, кое ќе го следи нивниот ненадеен пат кон слава.

Ријалити шоуто, за почеток, ќе има осум епизоди и ќе се емитува на американскиот стриминг сервис Hulu.

„Возбудени сме што ќе се приклучиме на семејството Hulu, со уникатен поглед на нашите животи зад камерите“, изјави таткото на девојчињата, Марк Д Амелио.

„Отсекогаш сме биле блиско семејство, но ова искуство не зближи уште повеќе и навистина сме возбудени што ќе споделиме дел од тоа со светот.

„Многу луѓе извлекуваат заклучоци за нас врз основа на нашите кратки видеа, кои траат неколку минути или секунди. Но, сега, имаме можност да ја споделиме со секого страната, којашто ретко ја гледаат на социјалните мрежи“, рече тој.

Можеби ова е прво, но не и последно ТикТок ријалити шоу: Серијата The Hype Life, која ја следи куќата Hype House, веќе е во подготовка, а Адисон Реј, исто така, изјави дека може ќе сними серија за своето семејство.

Напиши коментар