After Midnight

Четири фази низ кои поминува секоја љубовна врска пред да прерасне во нешто сериозно

Меден месец

Периодот на самиот почеток од љубовта. Тогаш сте романтични и доволно посветени еден на друг. Се среќавате, страста се буди и љубовта се раѓа. Хемијата си го направи своето и по првиот месец, верувате дека тоа е вашата совршена врска и дека ништо не може да ја разниша идилата.

Запознавање, без маски и илузии

И кога за заљубеноста ќе помине, ги забележувате меѓусебните разлики. Токму од овие разлики произлегуваат првите конфликти. Започнуваат ситните кавги, но и првите сомнежи. И само кога двајцата сте сигурни дека го прифаќате другиот со сите маани и доблести, се отвора вратата на љубовта и компромисот. Ова е пресвртницата на секоја врска. Избирате помеѓу борба за љубов или дефинитивно раскинување.

Компромис

Кога сепак сте решиле да се борите за љубов, следува сцената кога двајцата работите на себе, го прифаќате другиот и учите за компромис, што е темелот на целата љубов.

Целосна посветеност

Сега кога ги усогласивте вашите животни патеки на еден или друг начин, се стремите кон една цел, а тоа е да го поминете остатокот од вашиот живот заедно. Затоа е потребно заедно да бидете целосно посветени на вашата цел. Да се ​​држите за раце и да ја градите својата иднина од соништата.

Напиши коментар