After Midnight

Четири фази низ кои поминува секоја љубовна врска

Прва фаза – фаза на вљубување

Запознавте нова личност и целосно сте воодушевени од неа. Се чувствувате како целиот свет да е ваш и нема подобра личност од вашето ново момче. Вие сте во фаза кога некое лице ве привлекува многу, а причината за тоа е нагласувањето на неговите квалитети и занемарувањето на недостатоците предизвикани од недоволно познавање на личноста.

Втора фаза – фазата кога станувате пар

Веќе поминувате некое време со личноста што ја запознавте. Се чувствувате заштитени и сте во фаза кога разменувате најмногу нежност со вашиот партнер. Чувствувате дека вашата љубов ќе трае вечно и дека други луѓе околу вас не постојат.

Трета фаза – почеток на крајот

Не знаете што се случило во меѓувреме, но се чини дека сè оди во погрешна насока и чувствувате дека љубовта згаснува. Го обвинувате вашиот партнер за ситници и изгледа како проблемите да доаѓаат еден по друг. Не сте сигурни дали треба да го поминете животот со таа личност и колку е добро што сте се посветиле само на вашиот партнер, но исто така се чувствувате како да пропуштате нешто „надвор“. Ако соберете храброст и се соочите со себе и заедно се вклучите во решавање на проблемите – вашата врска ќе преживее и ќе се чувствувате како љубовта да е посилна од кога и да било.

Четврта фаза – вистинска љубов

Се чувствувате како да не постои нешто низ коешто веќе не сте поминале и свесни сте за сите доблести и маани на вашиот партнер – но, го сакате без оглед на се. Толеранцијата во врската повеќе не е нешто непознато, а зборот извини е сосема нормална појава во вашата врска. Разбирањето и прифаќањето се квалитетите на вистинската љубов.

Напиши коментар