Кафеава кожа
Парчињата од еко-кожа се апсолутно must have оваа година, а парчињата oд кафеава кожа се особено популарни. Впечатливите парчиња ќе направат вашите комбинации на облека да добијат целосно нов изглед и да направат дури и наједноставната облека да стане модерна и препознатлива.
Фармерки со рамно скроени ногавици
Ајде да се најдеме на половина пат помеѓу skinny фармерки и ѕвонарките оваа сезона. Најпопуларниот модел на фармерки овој пат се дефинитивно оние со рамно скроени ногавици, кои совршено се комбинираат во секоја пригода. Без разлика дали ќе ги комбинирате со рамни чевли или потпетици, вашите нозе ќе изгледаат едноставно совршено во овој модел, а секоја облека ќе изгледа како да не сте се труделе премногу, а сепак сте направиле стилски хит.
Nude
Како и секоја есен, nude нијансите имаат предност пред сите бои. Од палта, панталони, џемпери до додатоци, сите нијанси се добредојдени во вашата гардероба.
Тrench капути
Французинките секогаш избираат вакви палта, кои добиваат позитивен одговор веќе неколку сезони, кога станува збор и за нашата улична мода. Trench палто, бела маица и фармерки се класична есенска комбинација, која мора да ја имате во вашата гардероба.