Free zone

Четири навики кои ја уништуваат кожата

Д-р Ерин Гилбер тврди дека луѓето не се грижат за својата кожа и затоа таа претерано брзо старее. Како дерматолог, д-р Ерин Гилбер гледа секакви „луди“ работи што луѓето и ги прават на кожата. Но, особено четири работи ја полудуваат, како што откри за „Тех инсајдер“. Ова се навики кои ја уништуваат кожата.

На прво место е човечката „грубост“ кон кожата. “Ова значи дека луѓето често користат груби крпи или некои таканаречени четки за лице, бидејќи сметаат дека тоа ќе ја исчисти кожата на најдобар начин, а всушност се случува спротивното! Тоа е претерување со пилинг, што предизвикува црвенило, воспаление и ја прави кожата темна” , вели д-р Гилбер.

На второ место е купувањето на прескапи производи, особено кога станува збор за младите: „Ако сте млади, а првите производи што ги ставате на вашето лице се скапи производи против стареење и слични лосиони, вие всушност ќе постигнете контра-ефект, така што кожата ќе остаре предвреме.“

Потоа следат домашните препарати…

“Ако не ги познавате добро билките и разнит домашни лекови, најдобро е да не започнувате со оваа авантура. Исто така, никогаш не користете алкохол за да исушите мозолчиња или силни мешавини базирани на лескавица – можете да создадете воспаление и сериозна иритација на кожата”.

На четврто место се наоѓа една многу сериозна „навика“, а тоа е дека никој од нас не носи лосион за заштита од сонцето: „Овој лосион треба да го носите секој ден, и тоа крема со фактор SPF 30 или повеќе и онаа што е со „широк спектар“, дури и кога надвор е облачно…“, предупредува д-р Гилбер.

Напиши коментар