За некои, Еmily in Paris е само мешавина од предвидливи заплети и клишеа, а за други е неисцрпен извор на модна инспирација, врвен водич за обиколка на Париз и возбудлива љубовна приказна.
Серијата ја следи Емили Купер, која ја игра Лили Колинс, млада директорка за маркетинг од Чикаго, која доаѓа во Париз да ги искористи своите работни методи за унапредување на маркетинг стратегијата на луксузната марка, која работи со нејзината фирма. Сепак, покрај деловните предизвици, Емили запознава и нови луѓе, паѓа во низа непредвидливи ситуации за неа и доживува неверојатна романса.
Ова се причините поради кои ние сметаме дека оваа серија мора да ја изгледате барем еднаш:
Емили е млада и успешна жена во светот на маркетингот, експерт во својата работа и е исклучително храбра, што ќе е одлична лекција за секој од нас, да работиме напорно и да се бориме за да ги оствариме своите соништа, кога станува збор за нашата кариера.
Серијата е врвен моден водич низ претстојната сезона, што е поткрепено со фактот дека костумите ги изработи Патриша Филд, легендарна дизајнерка на костуми, која исто така направи костуми за „Сексот и градот“ и култниот моден филм „Ѓаволот носи прада“.
Отпатувајте во Париз, во време кога пандемијата од Коронавирусот ни оневозможи да патуваме. Прекрасните предели, неверојатниот дух на Франција, културата, уметноста, но и модата ќе направат да се чувствувате како да се наоѓате во срцето на градот на Светлсота.
Со нетрпение ќе се радувате на втората сезона. Дарен Стар го најави снимањето на втората сезона за пролетта 2021 година, кога се надева на нешто подобра ситуација. А, она што не чека во втората сезона е поборбената Емили, пореална и подготвена да го гради својот живот во Париз. За Дарен, еволуцијата на главниот лик не е невообичаена, имајќи предвид дека тој го создаде Кери, која созреваше, се менуваше и растеше заедно со нас со текот на годините.