Free zone

Четири причини зошто е добро да се купува “second hand” гардероба

Кога станува збор за купување “second hand” гардероба, мислењата честопати се поделени – некои сметаат дека тоа е практично и е одраз на еколошката свест, додека некои сè уште не се осмелуваат да носат модни парчиња што ги носел некој друг пред нив. Ако сте во втората група, можеби ќе сакате да размислите да го промените вашиот ум, поради овие четири добри причини:

Еco – friendly

Купувањето “second hand” облека ја намалува потрошувачката на ресурси. Вие исто така го намалувате загадувањето на водата и хемиското загадување, што е тесно поврзано со методите на производство во модните индустрии. Во Америка, на пример, годишно се собираат 14,3 милиони тони текстилен отпад. Просечен Американец фрла околу 65 килограми облека и постелнина, што е скоро шест проценти од целиот комунален отпад (или 85 проценти од целиот текстилен отпад). Вистина е дека многу од овие работи сè уште можат да се користат и да се рециклираат, така што отпадот значително би се намалил на овој начин.

Ја поддржувате одржливата мода

На овој начин, ја промовирате и поддржувате одржливата мода. Купување на половна облека, рециклирана облека или облека направена од еколошки материјали, како што се органскиот памук или коноп, помага да се развие еколошката свест преку одржливата мода. Вие исто така, се залагате за пофер свет, без да и бидете роб на модата и употребата на евтина работна сила.

Штедите пари

“Second hand” oблеката е генерално поевтина од новата, а може да најдете и некои поскапи, брендирани парчиња, што инаку не би можеле да си ги дозволите.

Оригинален стил

Во “second hand” продавниците можете да најдете уникатни модни парчиња што не можете да ги купите во бутиците со нова гардероба. Доколку сакате уникатен, ретро стил, ваквите продавници можат да ви понудат нешто сосема уникатно и поразлично.

Напиши коментар