Free zone

Четири ситници со кои ќе внесете мала доза на гламур во вашиот новогoдишен стајлинг – Дури и ако планирате да прославите во пижама!

Новата година е на прагот, а повеќето ќе ја поминат дома. Сепак, ова во никој случај не е причина да ја пречекате без никаков гламур.

Дури и ако сте решиле да бидете во пижами на 31 декември, додадете малку празнична атмосфера во вашиот стајлинг и започнете ја годината со добра енергија.

Подгответе пријатна вечера, одберете филм, серија, некоја друштвена игра и уживајте во топлината на вашиот дом, но сепак да добиете барем мала доза на новогодишен гламур, изберете некои детали што ќе ја активираат новогодишната треска кај вас.

Светки
Омилен новогодишен детал за многу жени, светките се секогаш тука за да ги разубават празниците. Венче со светки ќе биде вистински хит, дури и ако остатокот од вашиот стајлинг го сочинува вашата омилена пижама.

Црвен лак
Веројатно најпопуларната нијанса на лак е најчестото решение за кое се одлучуваме за време на празниците и нема причина да се откажеме од тоа, дури и во овие околности кога повеќето од нас планираат филм и руска салата за дочекот на Новата година.

Црвен кармин
Исто како црвениот лак – црвениот кармин е веројатно омилена празнична нијанса и неодолива асоцијација со новогодишниот период.

Црвена долна облека
Задолжително парче облека за секој што верува дека носи среќа во љубовта и добра година во партнерските односи.

Напиши коментар