Ако во некого не можете да имте доверба и не можете да се потпрете на него, бидете сигурни дека тој не е вистинскиот за вас. Не е важно дали станува збор за ситници или за покрупни работи, бидејќи недоверливите луѓе се такви и кога станува збор за мали нешта, но и за големи.
Вие стагнирате во таа врска
Ако не растете и не се подобрувате покрај таа личност, добро размислете дали тој или таа навистина е добар избор за вас. Партнерот кој се грижи за вас ќе ве поддржува во работите што се добри и позитивни и заедно ќе напредувате во врската.
Добар показател дека нешто не е во ред со врската е ако не можете да бидете најдобрата верзија од себе додека сте заедно, како некако да ве спречува да ги постигнете работите што ги сакате.
Во квалитетна врска, партнерите постојано се мотивираат еден со друг да бидат подобри, но во исто време и да останат свои.
Мечтаете за други луѓе
Ако во последно време често размислувавте за некој друг со кого сте „кликнале“, добро размислете дали и колку сте задоволни во вашата моментална врска. Можно е да сте осамени или да сакате да почувствувате нешто што можеби во врската го нема.
Во вакви ситуации, луѓето дури знаат да фантазираат дека повеќе не се во врска, туку дека живеат сами, и ова е уште еден јасен показател дека партнерот со кој се во врска не е добар за нив.
Луѓето кои се среќни не треба да размислуваат за врска со некој друг или за тоа како е подобро да живеат сами.
Треба постојано да се правдате
Вашиот партнер постојано ве испрашува и проверува како воопшто да не ви верува – тоа не е вистинска љубов. Ако постојано треба да ги оправдувате своите постапки, каде сте биле, со кого сте биле … тоа сигурно не е врската за вас.
Постојаните објаснувања можат да бидат исцрпувачки и да остават лоши траги врз вашето ментално здравје.
Несреќни сте
Се чувствувате како некој да ве исклучил и генерално се чувствувате незадоволни – ова е прилично јасен знак дека нешто не е во ред со врската, односно дека ги поминувате деновите со погрешна личност.
Можно е, иако не сакате да го признаете тоа, да имате чувство дека нешто подобро ве чека во животот, а ви се чини дека сте заглавени и дека не можете да се движите кон тоа.