Интензитетот на љубомора варира од личност до личност, но зависи и од хороскопскиот знак. Овие 4 знаци важат за најљубоморни партнери.
Риба
Рибите се непрестајно љубоморни додека се во врска. Тие имаат најголем страв од напуштање, па затоа често замислуваат некои работи. Ако нешто им стане сомнително, тие се подготвени и да го шпионираат својот партнер.
Скорпија
Луѓето родени во знакот на Скорпија најтешко ги контролираат љубоморни испади. Тие се многу посесивни и не сакаат кога нивната подобра половина е во друштво на спротивниот пол кога тие не се присутни.
Лав
Најголеми егоисти, Лавовите никогаш не сакаат да бидат надвор од центарот на вниманието. Тие многу лесно можат да станат љубоморни и на вашата најдобра пријателка ако и посветите премногу внимание.
Овен
Овните се сметаат за опсесивно-љубоморни луѓе. Ако не сте му го прераскажале денот и до последниот детал или сте премолчеле нешто, дури и случајно, Овенот ќе биде страшно лут и ќе предизвика расправија.