Free zone

Чизмите кои се хит за оваа сезона: Некои ги обожаваат, други не можат да ги погледнат – А, што мислите вие?

Овие чизми го освоија целиот моден свет со својот силен чекор, моќен дизајн и непогрешлива практичност.

Дебел ѓон, висина што може да биде само малку повисока од глуждот, но да оди и до средината на листот, удобен простор за прстите, рамна потпетица – ова се одликите на таканаречените „chunky boots“ – обемни чизми, кои ќе доминираат до крајот на 2020та и почетокот на 2021 година.

Ѓонот може да биде дебел, во вид на мала платформа, како моделите на чизми кои ги красат плакарите на Ирина Шајк и Џиџи Хадид.

Никој не можеше да им одолее и скоро и да нема модерен бренд, кој не направи низа модели од овој вид на чизми.

Диор ги нарече „диорирон“, а покрај него секако се наоѓаат и Прада и Ботега Венета. Она што до неодамна беше резервирано само за „хеви метал“ имиџот, сега ќе го видиме во комбинација со елегантни долги фустани и здолништа. За панталоните да не зборуваме – одлично одат во сите варијатни.

Конечно пристигна и тој момент – да бидете облечени по најнова мода, а нозете да ви останат суви и топли.

Можете да најдете и модели кои вклучуваат врвки:

Напиши коментар